И денеска услови за врнежи и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, околу пладне и попладне на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град и засилен ветер. Teмпературата ќе достигне од 15 до 23 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово во текот на изминатите 24 часа, псоред податоците на УХМР навнале пет литри дожд на метар квадратен. Денеска може да очекуваме нови, со оглед дека ќе имаме претежно облачно време со услови за дожд и грмотевици во попладневните часови. Ќе дува слаб северен, односно северозападен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува само 22 степени целзиусови.

До сабота подрачјето на Македонија ќе се задржи под влијание на серија влажни воздушни бранови, па времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи. Утре ќе биде облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. Во петок и сабота ќе дува засилен северен ветер. Од утре температурата значително ќе опадне.