И денеска свежо време, од утре повторно пораст на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне во јужните делови се уште ќе има локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен северен и североисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 19 до 26 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со услови за ретки врнежи од дожд. Ќе дува умерен, северен, односно североисточен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 24 степени.

Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе го надмине 35-тиот степен, а УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.