И денеска сончево и топло, утре пад на температурата

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи два степени над нулата,  а максималната дневна се очекува да достигне 17 степени.

Утре ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе биде за седум степени пониска.

Никола Ивановски

Leave a Reply