И денеска попладне услови за врнежи

Сподели со своите пријатели

Времето попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а сеуште локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни. Минималните температури ќе се движат од 6 до 13, а максималните дневни од 20 до 29 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе преовладува сончево до умерено облачно време со услови за дожд и електрични празнења во попладнвните часови. Максималната дневна температура ќе изнесува 23 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Во вторник и в среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.

Leave a Reply