И денеска попладне услови за локална нестабилност

Сподели со своите пријатели

Денеска претпладне низ Македонија ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време во претпладневните часови, додека попладне се очекува појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја претепал 75-годишната мајка

Од страна на Управата за хидрометеоролошки работи за кумановскиот регион за денеска е издадено жолто предупредување за опасност од невреме со грмотевици.

Ќе дува слаб до умерен ветер од запад и југозапад, а температурата ќе се движи во интервал од 14 степени во утринските часови до максимални 25 степени целзиусови во текот на денот.

 

 

Според УХМР и во следните денови на повеќе места во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Температурите ќе бидат без поголема промена.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец измамен за 800 евра, му дале лажен дијамант

Никола Ивановски