И денеска натпросечни температури за овој период

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и пријатно со повисоки температури невообичаени за овој период од годината, а утринската магла која се појави низ дел од котлините веќе ја нема, пренесува порталот МетеоПро.

Во крајниот северозападен дел од земјата вечерва се очекува наоблачување, но без значителни промени. Предстои натпросечно топло време во текот на денот со максимални дневни температури од 10 до 17 степени целзиусови.

Куманово и околината денес ќе имаат сончево време со многу минимално наоблачување во текот на денот и слаб ветер од источен и југоисточен правец. Дневната температура ќе го достигне 11-от степен, а минималната во текот на ноќта ќе се спушти 1 степен под нулата.

Сувото и топло време ќе пдоолжи и во следните неколку дена, а нешто потопло се очекува во понеделник и вторник, кога локално во јужниот дел од земјата температурата е можно да надмине и 20 степени.