И денес услови за дожд, стабилизација од четврток до недела, па нов влажен бран

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер е прогнозата која синоптичарите ни ја најавуваат за денеска. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во западните делови.

Минималните температури ќе се движат од 8 до 14, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 17 до 23 степени целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме сончево до умерено облачно време со услови за дожд и грмотевици во попладневните часови. Ќе дува злаб североисточен ветер, а максималната дневна температута ќе достигне 20 степени целзиуосви.

Од четврток до сабота ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Нов влажен бран се очекува в недела.