И денес топло време со висок УВ индекс

Сподели со своите пријатели

Според временската прогноза, денес се очекува уште еден жежок и топол ден за овој период од годината. Претежно сончево време се очекува во целата држава.

Loading...

Локален развој на облачност се очекува во крајниот западен дел од земјата, и тоа во планинскиот регион.

Максималната температура ќе се искачи до 37° – тиот степен во вардарскиот регион, околу 33°С во југозападниот крај и околу 32°С во повисокиот дел на истокот.

Вредноста на УВ индексот ќе биде повторно 7.

Извор: Метеопро