И денес топло со температури далеку повисоки од просечните

Сподели со своите пријатели

Во Македонија денес се очекува умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и топло, со температури  повисоки и за 12 односно 14 степени од просечните за овој период од годината.

Повеќе сончеви периоди се очекуваат во северните и северозападните предели.

Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 45 км/ч. Утринските температури од 4 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 15 односно до 23 степени.