Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд со послаб интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 19 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 24 до 33 степени целзиусови.
Во Куманово и околината ќе имаме претежно облачно време со повремени сончеви периоди. Во одредени делови од денот ќе имаме и појава на ретки грмежи и врнежи. Ќе дува умерен ветер од источен и североисточен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 28 степени целзиусови.
В среда ке има услови за краткотраен локален дожд, во северозападниот дел од земјава. Потоа, во наредните денови ќе преовладува стабилно време и малку посвежо, но понатаму дневната температура ќе има тенденција во постепен пораст.