ХУМАНО ИЛИ СУРОВО: Што се крие зад улови и пушти риболовот?

Сподели со своите пријатели

Иако спортскиот риболов и принципот „улови и путши“ се смета за хуман и добар за одржување на популацијата на рибите, дали навистина е така?

Риболовците тврдат дека суштината зад „улови и пушти“ риболовот е дека рибата по фаќањето на јадицата и извлекувањето од водата повторно се враќа во своето природно живеалиште за да со тоа се намалат траумите на рибите на јадицата.

Замислете риба која лута во водите по похрага по храна, па замислете дека сте пронашле залче храна, го гризете и одеднап почувствувате силна болка и остра јадица која ве тегне од водата. Се ворите до последем момент и атом сила, додека ве извлекуваат од безбедната вода, а вие се давите…

Бил на риболов, па забележал огромна темна сенка кој го обиколува бродот (ВИДЕО)

Loading...

Риболовот не е безопасна и забавна семејна активност. Рибите имаат централен нервен систем и чувствуваат болка како мачките, кучињата и луѓето.

Уловените риби не само што трпат физичка болка, туку доживуваат и страв. Кога ќе се извлечат од природната околина тие не можат да дишат. Кога луѓето ќе ги допрат, им го реметат заштитниот слој на кожата, што ги прави поранлив и полесен плен.

Исто така, риболовот не им штети само на рибите. Милиони птици, желки и други животни биднуваат осакатени при голтање јадици или вплеткување во риболовните мрежи.

Студиите покажуваат дека рибите кои се уловени и фрлени повторно во водата трпат сериозни повреди и често угинуваат од шок. Експертите тврдат дека риболовот е една од најголемите закани за водените животни.

Leave a Reply