Huawei го претстави најсилниот телефон досега: Пристигна Mate 20 Pro (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кинеската компанија „Hauwei “ штотуку го лансираше својот најнов премиум паметен телефон Mate 20 Pro.

Презентацијата во Лондон ја држел директорот на компанијата Ричард Ју. Претставувајќи го уредот со врвен дизајн и пефроманси, Ју ги истакнал сите невои напредни карактеристики.

Најзначајната секако е камерата на задната страна, единствениот изглед и перформансите.

Тројната камера опремена со Leica леќи, заедно со блиц, има конфигурација два по два и воедно е една од главните одлики на естетската препознатливост на Mate 20 серијата.

 

Loading...

 

Камерата нуди голем број опции и ефекти меѓу кои се издвојуваат микро мод кој овозможува фотографирање на далечина од само 2,5 сантиметри и снимање фотографии со голема резолуција и јаснотија.

Во Лондон претставен е и нешто послабиот модел Mate 20, како и паметниот часовник Huawei Watch GT.

Huawei Mate 20 има најнов Кирин 980 чипсет. уредот има екран со дијагонала од 6,39 инчи, резолуција 3.120 х 1.440 пиксели.

Задната камера доаѓа со конфугурација од 40 менгапиксели, 24МП телефото и 8МП широкоаголна. Имаат оптишки зум од 5х како и можност за снимање на одалеченост од 2,5 сантиметри.

Капацитето на батеријата е 4.200 мегаампери, а благодарение на SuperCharge технологијата полнењето до 70 отсто можно е за само 30 минути.

Huawei Mate 20 има ознака IP68 што значи дека е отпорен на вода и прашина, има dual-band Wi-Fi, Bluetooth 5.0, NFC и LTE.

Софтверот на уредот го чини EMUI 9.0 интерфејс заснован на Android 9.0 Pie.

Дебелината на уредот изнесува 8,6 милиметри, а тежината е 189 грама.

Huawei Mate 20 со 4ГБ меморија и 128ГБ просто ќе чини 799 евра, а варијантата со 6ГБ РАМ мерморија ќе чини 849 евра..

Huawei Mate 20Pro со 6ГБ меморија и 128ГБ простор ќе чини 1.049 евра, а Huawei Mate 20 X во истата изведба 899 евра.

https://www.youtube.com/watch?v=n865Zh15uV0

Leave a Reply