Хуавеј добива продолжени лиценци за користење американски софтвери и хардвери

Сподели со своите пријатели

Неколку дена откако Хуавеј беше ставен на листата ентитети со кои компаниите од САД не смеат да соработуваат, администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, на компанијата и даде поштедување од 90 дена.

Loading...

Хуавеј во овој период можел од компаниите во САД да добива делови и софтвер потребен за функционирање на постоечката мрежна опрема, и уште поважно телефоните.

А овој период од 90 дена е пред истекот.

Поради тоа, САД ќе ја продолжат лиценцата за уште 90 дена.

И покрај тоа што компанијата разви свој сопствен оперативен систем кој би требало во најлош случај да го замени Андроид, соработката со Гугл се продолжува, а сопствениците на постоечките модели можат да ја дочекаат надоградбата на најновата верзија на Андроид со ознаката „Q“, како и сите останати безбедносни и софтверски апдејти.

Ова всушност се одлични вести за Гугл, затоа што американската компанија остварува голем профит благодарение на кинескат акомпанија која само во текот на првата половина од оваа година има испорачано над 118 милиони уреди.

Новото продолжување на лиценците, па дури и нејзино укинување нема да влијаат на сите кои сега користат Хуавеј телефони затоа што тие се регистрирани во Андроид системот на гугл и тие уреди ќе продолжат да функционираат и примаат апдејти како и сите телефони од останатите потрошувачи.

Leave a Reply