ХУАКСИ: Најбогатото кинеско село од кое е забрането да заминете (видео)

Сподели со своите пријатели

Облакодер од 72 ката, хеликоптер такси, тематски парк и редови луксузни вили – екстраваганција на селото од Хаукси, сместено во кинеската провинција Јиангсу. Високиот животен стандард го одвојува оваа место од останатиот дел на Кина, меѓутоа нејасен е начинот на кој богатството е стекнато и како се троши.

Хуакси се наоѓа во провинцијата Јиангс, а на влезот во селото е поставен знак на кој пишува „Првото село под небото“. Познато е по облините земјоделски ресурси и прекрасни краишта. пред трисет години Хуакси било сиромашно и запиштено како многу други мали кинески села, а во него живееле околу 600 жители.

Ву Ренабо, некогашниот секретар на Комунистичката партија, направил план за обогатување и основал преку 12 фирми и за половина век сиромашното село го претворил во богата регија.

Хуакси денес има околу 2.000 регистрирани жители. Сите живеат во идентични вили и имаат повеќе од 143.000 долари во банка. медиумите заинтересираноста за оваа село го покажале во 2003 годинакога било објавено дека годишната плата на неговите жители е 17.717 долари што е 40 пати повеќе од просечниот приход во другите кинески покраини. За да ја покаже својата економска моќ градот во 2011 година изградил облакодер Хангиг вреден 430 милиони долари. Зградата е висока 328 метри.

Селото има и транспортна компанија, а за превоз на своите жители користи хеликоптер. Оператор на воздухопловната компанија Тонгјонг вели дека сите жители од оваа село во околните градови можат да бидат за помалку од 10 минути. Во градот исто така има направено тематски парк во кој се наоѓаат реплики од импресивни споменици како Кинескиот ѕид.

Секој од 2.000те жители на оваа село имаат над 143.000 долари во банка, а секое семејство добива автомобил и вила кога ќе се досели. Сепак, некои велат дека животот во оваа село и не е толку бајковит како што изгледа.

Жителите на Хуакси мораат да работат седум дена во неделата, најчесто во индустрискиот сектор. Жителите имаат забрана за комуникација со медиумит еи не можат да го напуштат селото, затоа што ако тоа го направат го губат богатството. Коцкањето и дрогата се строго забарнети, а клубови и барови не постојат.

 

Loading...