Хранливо оружје против стресот

Сподели со своите пријатели

Веројатно многу добро знаете дека т.н. “емоционално јадење” нема да направи проблемите да исчезнат како со магично стапче, а и сигурно лошо ќе влијае на вашата половина. Тоа е така, бидејќи луѓето се хранат најчесто со брза храна кога се под стрес кога се тажни или депресивни.

Добрата вест е дека постојат некои видови храна кои можат да се борат со стресот и да го подобрат начинот на кој се чувствувате.Сепак, не заборавајте дека треба да ги консумирате во умерени количини, бидејќи ништо што е премногу не е убаво. Еве и кои се видовите прехранбено оружје против стресот, на кои да се потпрете:

Loading...

1. Овес со цимет и мед. Садот со овесна каша испорачува вкусни јаглехидрати и го зголемува лачењето на среќниот хормон серотонин. Освен тоа кашата е богата со бавни влакна за мелење, што значи дека таа нема да предизвика скок во нивото на шеќерот во крвта. Додадете цимет (тој го ублажува чувството на фрустрација) и една лажичка мед (го зголемува имунитетот).

2. Темно чоколадо со бадеми.“Чоколадниот лек” е вистина – според една студија од 2009 година потрошувачката на темно чоколадо го намалува нивото на хормоните на стресот. Исто така, тој има способност да го намалува крвниот притисок. Во меѓувреме бадемите даваат енергија и содржат мононезаситени масти кои според друга студија се поврзуваат со пониски нивоа на депресија.

3. Смути. Наместо утринска доза кафе, потпрете се на шејк од соја или бадемово млеко (го зголемува нивото на серотонин), додадете незасладено какао во прав (го зголемува допаминот, како кафето) и завршете со банана (калиумот го намалува крвниот притисок).

4. Јатки. Грст кикирики, бадеми, ореви и семки од тиква се одличен извор на влакна, антиоксиданси и незаситени масни киселини кои го намалуваат крвниот притисок.Според едно истражување ф’стакот ги намалува ефектите на анксиозност. Омега-3 масните киселини во оревот пак се поврзани со намалени нивоа на депресија, а за селенот во бадемите е докажано дека го подобрува расположението. Триптофанот во семките од тиква може да помогне за поголемо производство на серотонин.

5. Јогурт со шумски плодови. Обложете се на појадок – јогурт со додадени шумски плодови (или други по ваш вкус). Таа е одличен извор на тонизирачки протеини и калциум, од кои телото има потреба за да се чувствувате подобро. Додадете свежо овошје за сладост, за полнење со антиоксиданси и за зголемување на имунитетот.