Хранлива материја клучна за метаболизмот и намалување на инфламацијата, а еве во кои намирници ја има!

Сподели со своите пријатели

Можеби досега не сте слушнале за холин, иако е една од клучните хранливи материи.

Loading...

Човечкото тело произведува само мали количини на холин, а најголемиот дел од оваа важна хранлива материја ја добиваме од храната.

Која е всушност неговата улога?

За почетниците, холинот игра многу важна улога во вашиот метаболизам. Без холин и телесни реакции за кои е одговорен, маснотиите и холестеролот би се акумулирале во црниот дроб наместо да се пренесуваат во крвотокот. Ова е многу важно затоа што го намалува ризикот од безалкохолно заболување на замастен црн дроб, кое е тесно поврзано со метаболички синдром.

 

Холинот, исто така, игра важна улога во борбата против воспалителните процеси поврзани со срцеви заболувања, а исто така е важен за подобрување на функциите на мозокот, како што се меморијата и моторните вештини.

За разлика од некои хранливи материи кои е тешко да се најдат, холинот се наоѓа во голем број на храна. Жолчката од јајце е вистинска „бомба“ на холин, а други извори вклучуваат говедско, школки, лосос, пилешко, брокула, пршута, па дури и путер од кикирики.

Loading...

 

 

 

 

Leave a Reply