Хороскоп за сабота, 11 јуни

Сподели со своите пријатели

Овен

Денеска пријателот би можел да се обиде да манипулира со вас, ќе ве притисне да му помогнете за некој проблем, а подобро е да не се мешате. Обидете се да се извлечете со тоа. Имате главоболка.

Loading...

Бик

Ќе слушнете некои лоши вести за вашата драга личност, кои ќе ве натераат да се преиспитате, што не е во ред. Ќе сфатите дека внесувате премногу емоции во врската во која сте. Сепак, постои шанса за „корекција“, изненадете го партнерот и се ќе ви биде простено.

Близнаци

Сакате да бидете во центарот на вниманието и сите да ве слушаат. Вашиот совет е секогаш најмудар, мислите дека знаете сè најдобро. Внимавајте денес овој став да не ви направи хаос во животот. Партнерот долго време демне грешки.

Рак

Вредни сте и ширите добра енергија околу себе. Но, тоа што го давате не се возвраќа. Можно е некој пријател да ве разочара. Обидете се да ја „пуштите топката“ и не избрзувајте со реакции. Не е доцна да се решат несогласувањата.

Лав

Обично сте многу енергични, но со моменталната положба на ѕвездите ве прави да се чувствувате исцрпени и малку осамени. Искористете ја поканата за излегување со пријателите, не само што ќе ви го подобри расположението, туку има и можност да запознаете некој интересен.

Девица

Обидете се да го контролирате импулсот за трошење пари и купете го само она што ви треба денес. Следните денови ќе бидат многу „тесни“ финансиски, не дозволувајте да останете без денар. Духовити сте и шармантни, нема да ви одолее личноста на која и „фрлите око“.

Вага

Можеби денес ќе треба да донесете важна одлука за семејното наследство. Не потпишувајте ги документите веднаш, внимателно прочитајте што пишува на нив. Здравјето ви е малку послабо денес, хроничните проблеми се влошуваат.

Скорпија

Денес ќе бидете полни со енергија, што и да правите, ќе можете да го направите за половина од времето кое обично ви е потребно. Можно е да запознаете личност која ќе ви даде многу корисни совети поврзани со финансиите. Ви требаат повеќе витамини.

Loading...

Стрелец

Внимавајте каде одат вашите пари, инаку наскоро може да се соочите со проблеми. Добар ден е за љубовни и романтични средби. Доколку сте слободни, големи се шансите да запознаете личност со која би можеле да имате долга врска.

Јарец

Слушајте ги советите на пријателите во врска со љубовните проблеми. Ја изгубивте перспективата, ви треба објективно мислење. Обидете се да вежбате повеќе или да поминувате време на отворено, имунитетот ви е „во резерва“.

Водолија

Доколку сте позајмиле пари од пријател или банка, а не сте ги вратиле на време, денес би можеле да се соочите со „казна“. Лесно ќе ја средите ситуацијата со пријателите, но банките не простуваат – внимавајте! Во врска ве мачи љубомората, но без причина.

Риби

Склони сте на песимизам и постојано имате впечаток дека за другите се е многу подобро отколку за вас. Ако не го промените овој начин на размислување, никогаш нема да бидете среќни. Почнете да вежбате, физичката активност ќе го забрза лачењето на хормоните на среќата.