ХОРОР ВО ИНДИЈА: Луѓе умираат по улици и автомобили, се прават масовни кремирања (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Премиерот Нарендра Моди во неделата ги повика сите граѓани да се вакцинираат и да бидат будни, имајќи предвид дека Индија ја погоди „бура“ од зараза.

Loading...

Бројот на инфекции со коронавирус се зголеми за 349.691 во последните 24 часа, што претставува рекорден број на случаи четврти ден по ред.

Поради недостаток на медицински кислород и кревети, болниците во Делхи и низ целата земја одбиваат пациенти.

– Скоро секоја болница е на работ. Без кислород нема излез за многу пациенти. Умираат за неколку минути. Ги гледате овие пациенти, тие се на апарати за дишење со висока концентрација на кислород. Кога кислородот ќе престане, повеќето од нив ќе умрат за неколку минути – рече др. Сумит Реј.

 

 

Инфицираните умираат чекајќи пред болниците

Loading...

Илјадници заразени граѓани кои требале да бидат хоспитализирани и лекувани, поради преполнетоста во болницата, биле принудени да чекаат за да добијат кислород.

За да им помогне на несреќните пациенти во болницата не може да се смести, добротворната организација Сик донираше шишиња со кислород на улицата бесплатно.

Некои веќе без свест, а други потпрени на автомобили, се бореа за својот живот вдишувајќи кислород од донирани шишиња.

– Ова не го даде болницата, ова е подарок од хуманитарната организација Ских Халса. Не знам што прави владата – рече основачот на организацијата.

Сидики Ахман го донесе својот 32-годишен син кој имаше огромна потреба од кислород.

– Никој не сакаше да помогне, сите не одбија. Немавме друг избор освен да дојдеме тука и да се обидеме да зграбиме дел од донираните шишиња – рече Ахман.

 

Loading...

 

Крематориумите работат дење и ноќе

И додека болниците немаат кревети и кислород и не можат да ги соберат сите заразени, семејствата на пациентите секојдневно се збогуваат со своите најблиски чии тела масовно се кремираат низ градовите.

Крематориумите во повеќе градови работат дење и ноќе, а луѓето треба да чекаат со часови за кремирање или погребување на починатиот. Експертите велат дека ова покажува како реалниот број на смртни случаи може да биде многу поголем.

Сањеев Гупта, фоторепортер од градот Бопал во централна Индија, дојде во една од градските крематориуми минатата недела поради, како што смета, неговата вообичаена работа. Бопал пријавил само четири смртни случаи поврзани со ковиди 19, тој ден.

 

 

Loading...

Гупта се изненади кога видел десетици погребни пири. Уште неколку тела чекале да бидат кремирани во електрична печка. Гупта вели дека бил трогнат кога млад човек го замолил да го фотографира чадот што излегува од оџакот на крематориумот: „Тој рече дека чадот е неговата мајка. Срцето ми потона кога ми го рече тоа“.

Друг фоторепортер во Лакнау, главниот град на Утар Прадеш, изјави за Би-Би-Си дека изброил скоро 100 погребни пири во една од градските крематориуми на 14-ти април.

– Небото стана портокалово во близина на крематориумот. Јас сè уште се грчам кога ќе размислам. Од властите дефинитивно не добиваме вистински податоци за смртта – рече фоторепортерот.

 

 

Loading...

Пакистан, Европа и Америка испраќаат помош

Поради вонредната состојба, Америка и Европа ја понудија својата помош. Заедно со нив, помошта беше понудена од регионалниот ривал Пакистан, кој испрати респиратори во Индија.

– Како израз на солидарност со народот во Индија во сегашниот бран од ковид-19, Пакистан понуди помош, вклучително и респиратори – соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи.

Во неделата, претседателот Џо Бајден рече дека САД ќе испратат суровини за вакцини, медицинска и заштитна опрема во Индија.

Германија се приклучи на растечката листа на земји кои ветија дека ќе испраќаат залихи.

Loading...

 

Leave a Reply