ХОРОР ВО ГЕВГЕЛИЈА: Воспитувачка вика и пцуе мало бебе кое беспомошно плаче (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Скандалозно и вознемирувачко видео се појави на социјалната мрежа Фејсбук, а на него се гледа како наводно воспитувачка во градинка во Гевгелија малтретира бебе кое веспомошно плаче.

– Не знaм колку се слушa, но еве што се случувa позaди грб нa родителите од многу искисните врaботени во грaдинките. Срце ми се рaспaрчи, мaли децa дa трпaт тaквa тортурa, стрaшно и безобрaзно, нaпишa сведок нa нaстaнот.

https://www.facebook.com/julijana.ortakovska.5/videos/1053967018101037/

Loading...

Со своја реакција набргу се јави и Министерството за труд и социјална политика од каде најавија инспекциска контрола која треба да утврди за што станува збор.

– Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата веднаш стапи во контакт со директорот на установата, а инспектори се упатени на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките – се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Leave a Reply