ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА: Маж избодел деца на игралиште

Сподели со своите пријатели

Неколку деца се избодени со нож во напад на игралиште во градот Анеси на југоистокот на Франција, јавуваат светските медиуми.

Loading...

Нападот се случил утрово околу 9 часот и 45 минути, а според првичните информации повредени се четири деца и двајца возрасни.

Три лица се во критична состојба.

АФП пишува дека децата се на околу три години.

Според првичните информации, полицијата привела маж за кој се претпоставува дека е мигрант. Кај него била пронајдена сириска лична карта.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин објави на Твитер за овој настан.

„Неколку лица, меѓу кои и деца, се повредени во напад на маж со нож на плоштадот во Анеси. Мажот е уапсен благодарение на брзата интервенција на полицијата“, напиша тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Регионалниот пратеник Антоан Арман го опиша нападот како „гнасен“ и рече дека властите истражуваат.

Loading...

Француската премиерка Елизабет Бор излегла на местото на настанот.