ХОРОР ВО БРИТАНИЈА: 39 мртви тела откриени во бугарски камион

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека смртта на 39 лица пронајдени во задниот дел на камион влекач е „незамислива и навистина погубна трагедија“ и додаде дека ја следи истрагата.

Loading...

Телата се пронајдени во Грејс, Есекс, источно од Лондон, а 25-годишен возач на камион од Северна Ирска е уапсен и осомничен за убиство, соопшти денес полицијата.

Според првичните сознанија на истрагата, камион од Бугарија влегол во Велика Британија на 19-ти октомври во пристаништето Холихд, на западниот брег.

Бугарската амбасада во Лондон денеска соопшти дека ќе соработува со британските власти во истрагата.

Британската канцеларија за надворешни работи соопшти дека „досега не е потврдено дали камионот има бугарски регистрации“ и дека сè уште нема податоци за потеклото на мртвите – 38 возрасни и еден малолетник, или дали тие биле мигранти.

Британската полиција предупреди дека идентификувањето на мртвите ќе биде долготрајно.

Leave a Reply