ХОРОР: Влезе во базен да се слика со крокодил, немал поим што ќе доживее подоцна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нехемијас Чипада, 68-годишен турист кој на својот роденден пред десетина дена посетил авантуристички парк во филипинскиот град Кагајан де Оро, некако успеал да се убеди дека во базенот го чека пластична реплика на крокодил и дека без проблем ќе фотографира за сеќавање.

Loading...

На негово големо жалење, крокодилот бил реален, а во исто време и доста нервозен, па Чипади штом му пришол веднаш бил каснат во левата рака.

Несреќниот човек некако успеал да се ослободи и да излезе од базенот, а крвта му капела на сите страни, додека не почнал да губи свест.

Неговата ќерка Мерси Џој Чипада изјавила дека нејзиниот татко е опериран и дека успешно закрепнува, но открила и дека семејството нема да го тужи раководството на забавниот парк бидејќи, според нив, „не е доволно јасно дека вистински крокодил живее во базенот“.