ХОРОР ОД ИЗЛЕТ: Морски лав загриза девојче и ја повлече во вода (видео)

Сподели со своите пријатели

Еден студент објавил видео во кое се гледа како морски лав зграбува девојче и ја влече во вода.

Инцидентот се случил во сабота во предградието на Ванкувер – Ричмонд, а како студентот кој го снимал видеото рекол на телевизијата, некои ученици го хранеле морскиот лав со ронки.

Како се наведува, животното излетало од вода кон девојчето кое стоело и се смеело. Морскиот лав го повлече девојчето за облека кон водата.

Морскиот лав исчезнал кога еден маж скокнал во вода и помогнал на девојчето да излезе. Експерт за морски цицачи вели дека лавот најверојатно мислел дека облеката е храна.

Loading...