Велшанката Клер Луис останала запрепастена кога купила чоколадна торта и во неа здогледала змија!
Имено таа во една позната продавница во Велс го купила својот омилен производ, но кога дошла дома и ја отпакувала тортата во неа здгледала мало суштество кое личи на змија.
– „Бев шокирана, навистина не очекував некое животно кое личи на мини змија во мојата чоколадна торта“ – рекла Луси која притоа се жалела на овој ланец на маркети за претрпен страв, но тие, според нејзините зборови понудиле смешна цифра за оштета.
– „Понудија само шест фунти како извинување. Не ми е грижа за нивните пари, колку ме изнервира и шокира призорот кој го доживеав кога ја начнав тортата. Безброј пати сум купувала слатки, но никогаш не сум добила животно во една од нив“ – додава Клер.
Портпаролот на продавницата јавно се извинил на Клер за големиот пропуст и рекол дека на несреќната Велшанка и биле понудени пари во знак на извинување.
Loading...