ХОРОР: Година дена мртвото тело на сопругот го чувала во замрзнувач

Сподели со своите пријатели

Барбара Вотерс (67) од Мисури е обвинета за напуштање на тело, откако било откриено дека го чувала мртвото тело на својот сопруг во замрзнувачот скоро една година.

Loading...

Сопругот на Барбара, Пол Бартон, починал на почетокот на декември минатата година, по што го ставила неговото тело во голем замрзнувач во спалната соба.

Според извештаите добиени од „Асошиејтед Прес“, таа и рекла на полицијата зошто го сторила тоа, и тие велат дека причината е параноја.

„Пол ја имаше Лу Гериговата болест (АЛС) и се плашев дека лекарите ќе му го украдат мозокот за истражување“, рекла Барбара.

Полицијата соопшти дека нема докази за поддршка на нејзината загриженост.

Полицијата случајно го пронашла телото на Пол, откако го истражувала пожарот во соседството кој не бил поврзан со случајот.

На телото немало никакви знаци на насилство, тоа било утврдено со обдукцијата.

Во моментот Барбара е во куќен притвор и ѝ се закануваат четири години затвор.

Loading...

Полициските записи покажуваат дека двајца вработени во Министерството за здравство во Мисури го посетиле Пол минатиот јуни поради дојава дека Бребара му забранува да ја добие потребната нега.

Иако таа им забранила да влезат во куќата, Барбара го одвела Пол на вратата за да го видит, а официјалните лица изјавиле дека тој дејствувал „кревко, но без модринки или повреди“. Починал неколку месеци подоцна.

Лу Гериговата болест или амиотрофична латерална склероза е болест на централниот нервен систем што оневозможува одење, говор, голтање и, на крај, дишење.

Leave a Reply