Холандија и Украина вршат притисок врз Шпанија да го испорача Патриот на Киев

Сподели со своите пријатели

Холандија и Украина вршат притисок врз Шпанија да го снабди Киев со противракетни одбранбени системи „Патриот“, пренесува мадридски „Ел Паис“.

Loading...

Весникот наведува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му го пренел своето барање на шпанскиот премиер Педро Санчез за време на неодамнешниот состанок на Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија.

Тоа прашање беше тема на разговор со холандскиот премиер Марк Руте и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, имајќи предвид дека шпанската батерија на системот „Патриот“ е распоредена во Турција како дел од НАТО.

Покрај тоа, Киев се обиде да го постави прашањето за испорака на системот „Патриот“ со Шведска, Полска и Романија, па дури и со земји надвор од Европа, како што се Обединетите Арапски Емирати, наведува „Ел Паис“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес одобри милијарди долари помош за Украина

Според весникот, проблемот на Шпанија е што една од нејзините две батерии „Патриот“ е единствената што ги исполнува сите оперативни барања на НАТО и е распоредена во турската база Инџирлик од 2015 година, додека другата се наоѓа во Валенсија и се смета за неопходна за национална безбедносна одбрана.

Шпанија би била подготвена да ја предаде батеријата распоредена во Турција на Киев, но турскиот претседател Ердоган јасно стави до знаење дека е заинтересиран батеријата да остане во Турција по 31 декември оваа година, кога истекува договорот.

„Ел Паис“ оценува дека присуството на „Патриот“ во Турција одамна не е потребно од воен аспект, бидејќи веќе не постои ризик од ракетен напад од соседна Сирија, но има големо политичко значење бидејќи тоа ја покажува солидарноста на НАТО со Турција, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...