Хокинг предвидел создавање на суперлуѓе, но тоа не е толку добро

Сподели со своите пријатели

Покојниот физичар и научник Ситвен Хокинг во збирката текстови и есеи пишувал за тоа дека генетскиот инжинеринг би можел да создаде раса „суперлуѓе“ кои би можеле да го уништат човештвото.

Богатите луѓе сакаат да „уредуваат“ свој и ДНК од своите деца, што може да остави сериозни последици врз човечкиот вид, е една од тврдењата од тие есеи објавени во „Сандеј тајмс“, пренсува Гардијан.

– Сигурен сум дек алуѓето во текот на овој век ќе откријат начин да ја изменат ингелигенцијата, но и некои инстинкти како агресијата. Верувам дека ќе бидат донесени закони кои ќе го спречуваат генетскиот инжинеринг, но луѓето тешко ќе успеваат да одолеат на искушенијата, особено постои можност да ги унапредат своите способности за паметење, па ќе бидат поотпорни на болести и ќе си го продолжат животот. Кога ќе се појават такви суперлуѓе, оние кои не се унапредени ќе останат по страна. Тие едноставно нема да бидат во можност да се натпреваруваат и веројано ќе изумрат. Наместо нив, светот ќе го преплави раса на самодизајнирани луѓе, се наведува во еден од есеите.

Хокинг пред смртта ја завршил „најголемата теорија“?

Loading...

Есеите се објавени како вовед во книгата на Хокинг која излегува денеска.

Темата која Хокинг ја покренал всушност се однесува на „Crispr_cas9“, техника на генетски инжинеринг откриена пред шест години. Користејќи ја таа техника, научниците штетните гени ги заменуваат со нови гени.

Тоа е применето во болницата во Ормонд, Лондон, каде деца се лекувани од неизлечива форма на леукемија.

Leave a Reply