Хит совет на бразилскиот претседател: Ако сакате да ја спасите планетата, вршете нужда секој втор ден

Сподели со своите пријатели

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро смета дека со намалување на апетитот ќе и сепомогне на планетата и им сугерира на луѓето да обавуваат голема нужда секој втор ден за да го спасат светот, пишува ВВС.

Loading...

Откако неодамна го критикуваа поради наглиот раст на сечење шуми во Амазонија, тој го отпушти шефот на агенцијата која ги давала овие поразувачки податоци во јавноста, со образложение дека изнесува невистини за размерот на проблемите.

АЛАРМАНТНО: Амазонската прашума исчезнува со брзина на три фудбалски игралишта во минута

Во новинарскиот извештај се нашол и податокот дека сечата и земјоделството се одговорни за четвртинат аод ефектот на стаклена градина на Земјата. На прашањето како ќе се усогласи земјоделскиот развој и заштитата на животната средина тој рекол:

„Доволно е да се јаде помалку. Зборувате за загадувањето на околината. Доволно е да обавувате нужда секој втор ден. Тоа ќе биде подобро за целиот свет, рекол тој.

НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Дрон сними изолирано амазонско племе (ВИДЕО)

Научниците велат дека прашумата во Амазон претрпела страшни губитоци и тоа во краток рок откако Болсонаро ја презел должноста. Податоците на бразилската вселенска агенција покажале раст на сечата на шумите од дури 88 отсто во јуни, во однос на истиот месец изминатата година.

Амазонската прашума е клучна за светот затоа што ја успорува брзината на глобалното затоплување. Службените бројки говорат дека најголема причина за сечата на шумите е создавање нови пасишта за одгледување добиток.

Loading...

Leave a Reply