ХИТ СНИМКА: Коњ трчаше во спротивна насока на автопатот Скопје – Тетово, го бркаше и полицијата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На автопатиштата како кај нас, така и низ светот може да се види се и сешто. Но, веруваме дека ретка глетка е коњ кој сам влече запрежна кола да трча со голема брзина на автопат.

Loading...

Да, ова е случка, како што стои на социјалните мрежи, од автопатот Скопје – Тетово.

Снимката набргу стана вирална, а како и не би. Коњот трча со запрежната кола во спротивна насока, а во еден момент во потерата по него се вклучуваат и две полициски возила.

Сепак, колку и да изгледа смешно, неодговорноста на сопственикот на оваа животно можело скапо да ги чини и оние кои возеле на овој патен правец, но и самото животно, кое очигледно делува испаничено.

 

 

Видеото е преземено од социјалната мрежа Фејсбук!

Loading...