Хирург се потпишувал на црниот дроб на пациентите кои ги оперирал

Сподели со своите пријатели

Британскиот хирург Сајмон Бремхол ги врежувал своите иницијали на црниот дроб на пациентите за време на транпслантација, а на денешното изрекување на казната во судот во Бирмингем му било наложено да плати казна од 10.000 фунти и да работи општествено-корисна работа.

Бремхол користел аргонски коагулатор да ги напише своите иницијали. Кагулаторот се користи за спречување на крварењето за време не операциите.

http://kumanovskimuabeti.mk/nevrohirurg-od-harvard-posle-lichno-iskustvo-veruva-vo-zadgroben-zhivot-video/

Loading...

Тој во 2014. година поднел оставка во болницата „Кралица Елизабета“ во Бирмингем, откако друг лекар открил што прави, а болницата соопштила дека неговите постапки немале никакво влијание врз успешноста на операциите, пренесува АП.

На денешното изрекување на казната судијата рекол дека Бремхол покажал толкаво ниво на професионална ароганција, што тоа веќе преминало во криминален чин.