Хинду фестивал на реката Ганг во сенка на непочитување на епидемиолошките мерки (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Фестивалот Харидвар повторно се дозволи оваа година и покрај рекордното ширење на коронавирус затоа што владата не сакала да ги налути хиндусите.

Loading...

Денес, десетици илјади хинду аџии се собрале на реката Ганг на традиционална молитва, не почитувајќи ги пропишаните мерки за физичко растојание што се применува во Индија.

 

 

Аџилакот Кумб Мела е еден од најсветите во хинду-религијата, кога огромен број верници се собираат во градот Харидвар, на северот од Индија, објави АП.

На видеото се гледа како голем број верници се капат во реката Ганг, верувајќи дека на тој начин ќе бидат ослободени од гревот и избавени од циклусот на раѓање и смрт. Мал број аџии присутни почитувале епидемиолошки мерки како што се носење маски и одржување на физичка дистанца.

Критичарите на индискиот премиер Нарендра Моди и неговата националистичка хиндуистичка партија, Барати Џаната, велат дека фестивалот Харидвар е дозволен оваа година и покрај рекордното ширење на коронавирусот, бидејќи владата не сакала да ги лути хиндуистите, кои се најбројни поддржувачи на партијата.

Loading...

 

 

Индија денес го надмина Бразил по бројот на потврдени случаи на коронавирус и сега е, по САД, на второто место во светот по бројот на регистрирани случаи на инфекција.

Во последните седум дена, бројот на новоинфицирани лица во Индија не падна под 130 000 на ден, а медицинските експерти предупредуваат дека најлошото допрва претстои.

 

Leave a Reply