Химната, грбот и знамето остануваат исти, институциите со нови имиња

Сподели со своите пријатели

Химната, грбот и знамето нема да се менуваат, а тоа не било ниту дел од преговорите за промена на името на Република Македонија, посочи денеска на прес конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Личните документи ќе се менуваат по истекот на нивната важност, а називите на државните институции ќе треба да го следат новото име на државата.

Таквиот пример на промена на името треба да го следи дури и Армијата на Република Македонија.

Leave a Reply