Херш: Група земји тајно го повикуваат Зеленски да го прекине конфликтот, дури и по цена на неговата оставка

Сподели со своите пријатели

Група европски земји предводени од Полска тајно го повикуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски да го прекине конфликтот, дури и по цена на неговата оставка, објави американскиот новинар и добитник на Пулицерова награда Сејмур Херш.

Loading...

„Таа група ја предводи Полска. Таа тајно го повикува Зеленски да најде начин да го прекине конфликтот – дури и ако тоа значи дека треба да поднесе оставка“, напиша Херш на платформата „Субстак“.

Како што додаде, во таа група земји спаѓаат балтичките и источноевропските земји, поточно Унгарија, Литванија, Летонија и Естонија.

Според Херш, украинскиот претседател не се согласува со тоа и почнува да ја губи поддршката од соседите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: Поради воените вежби на НАТО во Финска зголемен ризик од потенцијални воени инциденти

Тој исто така објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден добива нецелосни разузнавачки информации за украинскиот конфликт.

„Ми рекоа дека некои од најдобрите разузнавачки информации за војната не стигнуваат до претседателот“, вели Херш.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.