Херојките од нашиот град го пречекуваат ЖРК Овче Поле од Свети Николе

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен тим од Куманово утре со почеток во 18:30 часот на домашен терен во Спортската сала на ООУ „Христијан Карпош“ го игра последниот натпревар од регуларната сезона. Противник ќе им биде екипата на ЖРК Овче Поле од Свети Николе со која имаат одиграно три натпревари од почетокот на сезонава и реализирано исто толку победи.

Што се однесува до претходниот натпревар против екипата на ЖРК Металург, сите ракометарки одиграа фантастично. Во услови кога имавме одлично и фер судење од страна на судиската двојка се покажа дека можеме да се носиме со лидерот на табелата и да го победиме. ЖРК Куманово заслужија многу повеќе оваа сезона. Додека пак на натпреварот со Овче Поле очекувам да се потврди драстичната разлика во квалитетот и со пружање на максимумот и ангажираност во текот на целиот натпревар да се извојува висока победа – изјави членот на управниот одбор на ЖРК Куманово, Филип Додевски.

Во тимот на ЖРК Куманово преовладува огромна мотивираност за овој натпревар, а тоа се покажа со извонредниот тимски дух на претходниот меч кога беше поразен вице-шампионот ЖРК Металург со резултат 31:32.

 

Loading...