Хеликоптерот на НАСА собори нов рекорд на Марс: Го изведе најдолгиот лет досега

Сподели со своите пријатели

Минијатурниот хеликоптер Ingenuity, тежок помалку од два килограми, кој се наоѓа на Марс како дел од мисијата роверот „Perseverance“, го оствари и својот трет лет, а овој пат помина 80 секунди во воздухот.

Loading...

Според НАСА, хеликоптерот полетал на висина од приближно пет метри, а потоа извршил страничен маневар од 50 метри, поминал 80 секунди во воздухот, а потоа се вратил на почетната позиција.

 

 

Неделниот лет беше најамбициозен досега, но инженерите велат дека ќе се обидат да постигнат уште подобар резултат, пренесува Хина, повикувајќи се на Би-Би-Си.

Тие велат дека би сакале да ги достигнат крајните граници на леталото, „дури и ако крајната последица е целосно уништување“.

Пилотите на Ingenuity рекоа дека хеликоптерот овојпат повторно запрел, а потоа за кратко лебдел свртувајќи ја камерата во сите правци, се движел странично и се вратил во првобитната положба и конечно слетал.

Loading...

 

 

Можност за летање во ретката атмосфера на Марс

Претходните два лета беа извршени во понеделник и четврток и ќе останат во историјата како прв контролиран лет на друга планета.

Ingenuity пристигна на Марс во средината на февруари.

Таму беше пренесен од роверот Perseverance, кој слета во кратерот Езеро на Црвената планета.

Со овој потфат, научниците сакаат да докажат дека постои можност за летање во ретката атмосфера на Марс.

Loading...

 

 

Тие објаснија дека во иднина, ваквите хеликоптери можат да се користат за препознавање на теренот пред испраќање ровери и астронаути во вселената и истражување на некои тешко достапни локации, како што се карпите.

Претставници на НАСА му доделија на инженерскиот тим на Ingenuity уште два лета пред „Perseverance“ да ја започне својата примарна мисија – да бара знаци на живот во езерото Кратер.

Leave a Reply