Харков и Краматорск повторно бомбардирани

Сподели со своите пријатели

Единаесет ракети синоќа околу два часот го погодија градот Краматорск на истокот на Украина, а цел во текот на ноќта беше и Харков.

Loading...

„Уништени се приватни куќи. Сѐ уште немаме информации за жртви. Окупаторите уништуваат се што ќе им се најде на патот, тоа е терористичка тактика“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Краматорск, Олександр Хончаренко.

Гувернерот на регионот Харков, Олег Синегубов, на Телеграм напиша дека Харков бил бомбардиран во текот на ноќта, јавува Би-Би-Си.

„Русите извршија ракетни напади врз Харков во текот на ноќта. Од Белгород истовремено беа истрелани четири ракети. Околу три часот наутро две ракети погодија образовна институција во областа Слобид“, рече тој.

Како што додаде, во населбата Новобавар, ракета го погодила патот во близина на административна зграда, на која шрапнели ја оштетиле фасадата.

Уште една ракета падна во регионот на Киев, но за среќа немаше жртви.

Во текот на ноќта, руски напади беа регистрирани и врз селото Циркуни, како и меѓу Циркуни и Черкаси Тишки во областа Харков.

За време на бомбардирањето во општина Золокив загина 51-годишна жена.

Loading...

Украинските сили за воздушна одбрана соборија два ракети испукани од Русите од Каспиското Море.