Харадинај: Со гласањето за демаркација не се доведува во прашње територијата на Косово

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Косово, Раму харадинај денеска на почетокот на седницата на Собранието на Косово ги повика пратениците да гласаат за Законот за ратифиакција на договорот за демаркација на граничната линија со Црна Гора, истакнувајќи дека Косово со тој договор не губи територија.

– Убеден сум дека договорот на двајцата претседатели е споразум за корекција на грешките, рекол харадинај.

Додал дека гласањето за законот е глас за перспектива и слободно движење на жителите на Косово низ земјите на ЕУ.

– Гарантирам дека ратифиакцијата не ја доведува во прашање територијата на Косово. Одлуката е во ваши раце. Вашиот денешен глас „за“ е глас за иднината на Косово, рекол Харадинај.

Поддршка за законот дале и шефовите на пратеничките групи од Демократскиот сојуз за Косово, Демократска партија на Косов Алијансата за иднина, Социјалдемократските иницијативи, пратеничката гупа Шест плус.

Против биле пратениците од Самоопределување, Нова пратеничка група на независни пратеници, кои го напуштиле Самоопределување, додека на седницата не присуствувале пратениците од Српската листа.

Leave a Reply