Харадинај и Ахмети склопија предизборна коалиција

Сподели со своите пријатели

Алијанската за иднина на Косово на премиерот во оставка Рамуш Харадинај и опозиционерот на Социјалдемократската партија Шпенд Ахмети, градоначалник на Приштина, потпишаа предизборен коалициски договор.

Loading...

Според договорот, носител на листата и кандидат за премиер ќе биде Харадинај, соопштија на заедничка прес конференција Харадинај и Ахмети.

Ахмети рекол дека со овој договор се обединуваат силите за победа на изборите.

Како што пренесува приштинска „Газета еспрес“, Харадинај рекол дека до коалицијата дошло откако биле разгледани заедничките цели во програмите на двете партии, како и дека се отворени и за други политички субјекти.

Leave a Reply