Хаос во шпанскиот парламент: Пратениците почнаа да врескаат, а потоа скокаа на столици (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во регионалниот шпански парламент на Андалузија, се создала огромна паника поради стаорец во средата, по што пратениците почнале да врескаат и да скокаат на столици.

Loading...

Стаорецот влегол во собата во моментот кога пратениците се подготвувале да гласаат дали ќе ја назначат социјалистката Сузана Дијаз за сенатор за регионот на јужна Шпанија.

Претседателот на парламентот Марта Бускет Азнар прва го забележала глодарот, кога врескаше и ја покри устата, што доведе до бура меѓу политичарите.

На видеото се гледа како некои од нив се искачуваат на столици, додека погледите им беа вперени во земјата.

Сведоците велат дека стаорецот бил „со значителна големина“, а откако поминала „опасноста“, пратениците се вратиле на своите должности.

 

Leave a Reply