Хаос: Србија забрани увоз на хрватска стока, а во Хрватска забранет влез со српски пасош

Сподели со своите пријатели

Србија нема да дозволи влегување на хрватската стока на сите гранични премини, без разлика дали се пренесува со камиони, бродови или железница, како одговор на хрватското затворање на преминот Бајаково за камионите. Хрватска одговорила со тоа што оневозможила влез на својата територија со српски пасош.

Loading...

Србија ја спушти рампата за стоката и камионите од Хрватска, бидејќи Загреб до полноќ не ги послуша барањата на српскиот премиер Вучиќ да се отвори преминот Батровци за товарниот сообраќај.

Според српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, Србија од полноќ воведе контрамерки на едностраната одлика на хрватската влада да ги затвори границите кон Србија, а контрамерките вклучуваат забрана за влез на хрватска стока во земјата.

  • „Не сме задоволни од ова, не сме среќни, но тоа се мерките со кои ја штитиме нашата државност“, кажа Стефановиќ.

Хрватскиот министер за внатрешни работи, Ранко Остојиќ, изјавил пак дека забраната за влез во Хрватска за патничките автомобили и автобуси со српски регистарски таблички претставува „одговор на Србија“.

  • „Додека не го отворат Хоргош (граничниот премин од Србија кон Унгарија) нема влез за возилата со српски ознаки. Луѓето можат да влезат, тоа не е спорно“, кажа Остојиќ.

Бегалската криза ги влоши и онака кревките односи помеѓу овие две поранешни југословенски држави, а голем број македонски камиони веќе со денови чекаат на овие гранични премини.