ХАОС НА СВАДБА: Летаа столици и тупаници, а причината е урнебесна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Заинтересираните соседи снимиле масовна тепачка во Турција, која се смирила дури откако дошла полицијата и ги разделила гостите.

Loading...

Ерупцијата на хаосот се случила на свадба во турскиот град Адана по спор околу изборот на музика.

Летале столици од едниот кон другиот табор на завојувани сватови, а расколот се случил затоа што девете семејства доаѓаат од различни делови на земјата со различна народна музика. Диџејот се обидел да направи компромис со наизменично пуштање на два типа народни песни, но тоа само дополнително ги разлутило сватовите кои се обвинувале меѓусебно дека играат само на „својата“ музика.

Неименуваните младенци елегантно се одвезле и го оставиле хаосот зад себе.

На крајот никој не бил пријавен затоа што никој пред полицицијата не сакал никого да обвини, а немало ниту посериозни повреди.

https://youtu.be/tK2p0rHt_Fc

Leave a Reply