Хаос на изборот за убавина: И ја одзеде круната на мисицата од глава, со солзи избега од бината (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Победничката од 2019 година ја симна круната од главата на победничката и и ја подари на првата придружничка.

Loading...

Добитничката на најголемата награда на изборот за убавина во Шри Ланка се здобила со повреди на главата откако избила тепачка на сцената.

Убавицата Пушпика Де Силва ја освои титулата „Г-ѓа Шри Ланка“ на церемонијата што беше прикажана на националната телевизија во неделата.

Неколку моменти подоцна, победничката од 2019 година и ја одзеде круната од главата, тврдејќи дека не може да ја носи титулата бидејќи била разведена.

Имено, Каролин Јури ја симна круната од главата, цитирајќи го правилото на натпреварот дека учесничките мора да бидат во брак и не смеат да се разведуваат.

 

 

Loading...

– Постои правило што спречува жените кои веќе се венчале и се развеле да ја добијат титулата, затоа преземам чекори круната да ја преместам на друго место – рече г-ѓа Јури пред присутните.

Потоа ја стави круната на главата на првата придружничка, по што Де Силва заплака и истрча од сцената, пренесува Би-Би-Си.

Сепак, сè решиле организаторите, кои ја вратиле круната на Де Силва, откако тие потврдиле дека не е разведена.

Тие и се извиниле за инцидентот, изјавувајќи дека Де Силва бил разделена, но не и разведена.

Де Силва преку објава на Фејсбук напиша дека отишла во болница поради повреда на главата што ја претрпела за време на инцидентот.

Таа рече дека ќе преземе правни акти поради „неразумниот и навредливиот“ начин на кој била третирана.

Изборот за убавина “Mrs Sri Lanka World”  е голем настан во земјата, а меѓу гостите на церемонијата била и сопругата на премиерот.

 

Loading...

Leave a Reply