Хакери украле 26 милиони кориснички податоци: Еве како ги испраќале вирусите!

Сподели со своите пријатели

Досега неидентификувани хакери украле околу 26 милиони кориснички податоци од Амазон, Епл и Фејсбук оваа недела.

Loading...

Кражбата ја открил Нордлокер, провајдер за безбедност на интернет, кој открил и податоци за плаќање од 3,25 милиони компјутери со користење на софтвер Виндоус.

 

 

Случајот е откриен откако истражувачите откриле база на податоци исполнета со украдени 1,2 терабајти податоци, пренесува Дејли меил.

Покрај горенаведеното, целни платформи биле eBay, Instagram, Paypal, Roblox, Steam, Twitch и Twitter, но не е познато дали хакерите ги користеле овие податоци за сите плаќања.

Хакери го користеле тројанскиот вирус за да украдат податоци, и ги испраќале преку е-пошта и нелегални апликации како лажна верзија на Фотошоп.

Loading...

 

 

Откако вирусот стигнал до компјутерите на корисниците, хакерите ги фотографирале податоците преку веб-камери и ги обележувале за да знаат од каде се украдените податоци.

Кражбата се случила непосредно откако еден од најголемите добавувачи на месо во Америка, ЈБС, мораше да плати откуп од 11 милиони долари на хакери со крипто-валути за да ги повратат своите системи преку кои работат фабриките.

Се претпоставува дека станува збор за руски хакери, а компанијата изјави дека „ФБИ соопшти дека тие се едни од најсофистицираните сајбер-криминални организации во светот“.

 

Loading...

 

Меѓутоа, во овој случај, деталите за нападот, како и самите напаѓачи, сè уште се испитуваат.

Leave a Reply