Хаити: Лидер на банда најави нереди поради убиството на претседателот

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 1.000 демонстранти се собраа околу еден од најпознатите водачи на банди на Хаити, кој најави дека ќе организира протести поради атентатот врз претседателот.

Loading...

Присутните, кои главно беа облечени во бело, го скандираа името на Џими Черизи, поранешен полицаец, кој сега ја предводи т.н. „Г9“,јавува АП.

„Сите треба да ја чекаат мојата наредба пред да одговориме на убиството на Жовнел Моиз“, рече Церизије, наречен „Скара“ и за кој полицијата тврди дека стои зад неколкуте неодамнешни масакри, чии жртви беа цивили од заедниците управувани од други банди.

Черизије претходно најави дека неговиот народ ќе излезе на улица во знак на протест против атентатот врз претседателот Моиз и се закани дека сиромашната карипска земја ќе ја вовлече подлабоко во хаос.

Жованел Моиз беше убиен на 7 јули, а неговата сопруга беше повредена и пренесена во болница во Мајами, Флорида, на лекување, а властите на Хаити објавија дека атентатот го извршиле странски, обучени атентатори, 26 Колумбијци и двајца Американци од Хаити.

Leave a Reply