Хаити доби нов премиер

Сподели со своите пријатели

Владата на Хаити официјално го назначи Ариел Анри за премиер, скоро две недели откако беше убиен претседателот Жовенел Моис во политички заговор.

Loading...

Ариел Хенри ја презеде улогата на водач на најсиромашната нација на западната хемисфера на церемонијата во главниот град Порт-о-Пренс и го започна својот инаугуративен говор со едноминутно молчење во чест на убиениот претседател Жованел Моис.

Хаити се бори со беззаконието генерирано од насилни банди, а Анри рече дека сака да создаде услови што е можно повеќе луѓе да гласаат на изборите закажани за септември.

„Време е за единство и стабилност“, рече Хенри.

Поранешниот премиер Клод Џозеф процени дека назначувањето на Анри треба да ги олесни изборите, кои последен пат се одржаа на Хаити во 2016 година, и предупреди на тешката задача што претстои.

„Наследивте ситуација која се карактеризира со отсуство на претседател кој би служел како штит, невидена политичка криза во историјата на нашата земја, галопирачка несигурност, тешка и неизвесна економска состојба“, рече Џозеф.

Хенри и Џозеф истакнаа дека владата треба да воспостави ред и безбедност, како и да работи на зајакнување на економијата уништена од криминал и пандемија на коронавирусот.

Leave a Reply