Гвардиола е во проблем поради жолта лента

Сподели со своите пријатели

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) иницираше постапка против менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

На веб-сајтот на ФА е објавено дека тренерот го прекршил правилото за рекламирање во неколку натпревари. Тој носеше жолта лента со политичка порака, а за овој случај треба да се произнесе до 5 март.

Жолтата лента обично се толкува како поддршка на уапсените каталонски активисти и политичари кои се залагаат за отцепување на таа провинција од Шпанија.

Loading...

Од друга страна, Гвардиола е свесен дека фудбалот не може да се користи за политички пораки и изјави дека е подготвен за секоја можна казна од ФА./МИА

Leave a Reply