Гутереш пристигна во Сомалија, земја на работ на глад

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска пристигна во посета на Сомалија, соопштено е од извор на аеродромот во Могадишу.

Loading...

Гутереш беше пречекан од министерот за надворешни работи Абшир Омар Хурус по неговото пристигнување на аеродромот во главниот град на Сомалија, според снимките од социјалните мрежи.

Сомалиските власти ги зајакнаа безбедносните мерки во Могадишу поради ненајавената посета на генералниот секретар на ОН.

Повеќето патишта се затворени, а јавниот превоз е ограничен.

Посетата на шефот на ОН доаѓа во време кога земјата е зафатена од силна суша што ги остави жителите на работ на глад, додека владата е вклучена во офанзива за да се спротивстави на исламистичкиот бунт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

ОН апелираа за 2,6 милијарди долари хуманитарна помош за Сомалија, но досега се доделени само 13 отсто.