Гутереш: Постои закана Русија да употреби нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш ја оцени руската воена операција во Украина како кршење на Повелбата на ОН и меѓународното право и додаде дека постои закана Русија да употреби нуклеарно оружје.

Loading...

Тој рече дека се слушаат имплицитни закани за употреба на нуклеарно оружје, пренесува Ројтерс.

„Т.н. тактичка употреба на нуклеарно оружје е целосно неприфатлива. Крајно време е да се повлечеме од тој раб“, рече Гутереш на состанокот на ОН по повод првата годишнина од војната во Украина.

Британската агенција потсетува дека откако Москва ја нападна Украина на 24 февруари минатата година, рускиот претседател Владимир Путин постојано навести дека Русија може да употреби нуклеарно оружје доколку биде загрозена.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.