Гугл го префрла производството на своите телефони од Кина

Сподели со своите пријатели

Изгледа дека новиот телефон Pixel на Google ќе ја замени налепницата „Made in China“ со новата – „Made in Vietnam“.

Loading...

Најновите извештаи откриваат дека Гугл летово започнал со реновирање на стара фабрика на „Нокиа“ во Виетнам за да ги изработи своите телефони „Пиксел“ во неа.

Овој потег претставува одговор на компанијата на зголемувањето на трошоците за работа во Кина и заканата од зголемени даноци на стоки од оваа земја во САД.

Два извори блиски до компанијата изјавиле дека станува збор за истата провинција во која Samsung го разви својот синџир на снабдување пред скоро 10 години.

Ова значи дека Гугл ќе има на располагање искусни работници, што е многу важно ако компанијата планира да испорача меѓу 8 и 10 милиони паметни телефони оваа година.

Ова не е прв пат Гугл да го преместува производството од почетокот на кинеско-американската трговска војна.

Во јуни, компанијата префрли дел од матичната плоча и производите на Nest во Тајван.

Leave a Reply