Гугл денес бележи 17 години од постоењето

Сподели со своите пријатели

Пред седумнаесет години Лери Пејџ и Сергеј Брин го започнаа проектот Google и тоа во една гаража во Менло Парк, Калифорнија. Прв пат овој интернет пребарувач се појавил под името BackRub, а идејата за пребарување ја развиле тогашните студенти од Универзитетот Стенфорд.

Loading...

Од скромен почеток Google денес претставуав водечки гигант во сферата на интернетот и технологијата, но и најголем интернет пребарувач.

Во компанијата денеска се вработени околу 40 илјади луѓе, а милиони страници се конектирани преку нивната мрежа.

Иако компанијата е основана на 7ми септември од 2005 година, Доменот Google.com е регистриран на 15ти септември, но за роденден е земен денешниот датум, бидејќи се поклопува со објавата за рекорден број страници што овој пребарувач ги прелистува.

Компанијата која започнала со двајцата креатори денеска вреди милијарди долари, а оваа година го променија и своето лого.